LG G2 mini со европска промоција во април

Објавено на 27.03.2014 во Новости



LG G2 mini со европска промоција во април

LG Mobile официјално соопшти дека на почетокот на април ќе започне глобалната продажба на новиот смартфон од средната класа LG G2 mini, вклучувајќи ја и Европа. Се работи за мини верзија на ланскиот премиум модел, но со многу поскромни компоненти, а единствено заедничко нешто им е дизајнот.
 
 
LG G2 mini има 4.7 инчен qHD екран кој сигурно нема да воодушеви многумина бидејќи е далеку под HD резолуцијата од 720p или 1080p. Понатаму во спецификациите се наброени и четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 400 процесор од 1.2 GHz, 1 GB RAM, 8 GB меморија со можност за нaдополнување преку microSD картичка, како и батерија со солиден капацитет од 2440 mAh.
 
 
Камерата на LG G2 mini има сензор од 8 мегапиксели, со LED блиц, автофокус и позадинско осветлување, додека пак предната е со капацитет од 1.3 мегапиксели. Главната предност на LG G2 mini лежи во софтверот каде е искористена најновата KitKat верзија на Android заедно со LG Knock Code додатокот за безбедносно отклучување на екранот.