iPhone 6 е се поблиску

Објавено на 29.03.2014 во Новости



iPhone 6 е се поблиску

На интернет е промовиран нов концепт за iPhone 6 кој мора да признаеме дека изгледа многу добро и досега најреално ги склопува идеите за премиум смартфонот на Apple кој доаѓа наскоро. 
 
 
Концептот е изработен од SET Solutions од Италија и главниот фокус е ставен на можниот дизајн на смартфонот кој ќе биде поголем од вообичаеното со 4.7 инчен екран изработен од новиот материјал сафир кој е екстра издржлив. 
 
 
Предвидувањата на SET Solutions се дека iPhone 6 ќе има 10 мегапикселна камера со поширок сензор и тука не се сложуваме бидејќи сите информации досега инсистираат на тоа дека isight камерата ќе има 8 мегапиксели како и претходно, но секако со подобрувања во апаратурата. 
 
Во продолжение може да го погледнете концептот за iPhone 6 и сами да оцените колку од наведените идеи се навистина реални.





Прочитајте повеќе: