Апокалипса ќе ги погоди Windows XP компјутерите

Објавено на 01.04.2014 во Windows



Апокалипса ќе ги погоди Windows XP компјутерите

Голема паника креваат медиумите кои известуваат за технологија поврзано со истекување на подршката на Microsoft за оперативниот систем Windows XP со речиси апокалиптични сценарија дека доаѓа крајот на светот и корисниците веднаш ќе бидат нападнати од сите можни хакерски оружја.
 
 
Во извештаите на медиумите има толкаво претерување слично како за предвидувањето на Маите за крајот на светот во 2012 година, од типот на сите бизнис тајни, сите лозинки, податоци на корисници и компании, сите комуникации ќе бидат растегнати од злобните хакери доколку веднаш не се направи надградба на софтверот со верзиите на Windows 7 или 8.
 
 
За среќа корисниците во Македонија не патат од комплексот да инсталираат лиценцирaни системи (за некој да не ги гледа попреку што користат пиратски софтвер), кога може тоа да го направат без пари, па како што сте го користеле компјутерот во изминатите дестина години, така и од сега ќе немате никакви грижи за хакерскиот поход кој ќе започне на 8 април. 
 
 
Бизнис корисниците исто така не треба премногу да се грижат, само одбегнувајте сомнителни сајтови и се ќе биде во ред, а доколку вашиот вид на работа бара лиценциран софтвер има одличен избор на бесплатни системи кои се и тоа како подобри од монополот на Microsoft кој полека се руши во последните пет години.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
 
Автор: Aleksandar Stankov