Huawei Ascend P7 е смартфонот кој ќе ве освои

Објавено на 02.04.2014 во Новости



Huawei Ascend P7 е смартфонот кој ќе ве освои

Минатата година Huawei имаше големи причини за задоволство бидејќи продаде огромен број на смартфони и се приближи до врвните конкуренти како Samsung, Apple и Nokia. Една од причините за успехот беше премиум моделот Huawei Ascend P6 кој своевремено беше еден од најтенките на пазарот со само 6.18 милиметри, опремен со одличен хардвер, дизајн, камера и сето тоа по прифатлива цена од околу 400 долари.
 
Huawei Ascend P7 повторно ќе руши рекорди
 
Сега на ред повторно да освои е неговиот наследник Huawei Ascend P7 кој се очекува да донесе повеќе подобрувања во сите категории. Huawei Ascend P7 и претходно испливуваше во јавноста со пртекување на слики од Кина и како што се ближи датумот на промоција се почесто се појавуваат нови детали.
 
 
Huawei Ascend P7 ќе има поголем екран од претходникот од 5 инчи со Full HD 1080p резолуција, потоа ќе работи на нов четири-јадрен Hi-Silicon процесор, ќе има 13 мегапикселна камера и сетоа тоа ќе биде спакувано во одличен дизајн. Датмот на промоција на Huawei Ascend P7 се уште не е официјално закажан, но го очекуваме во текот на мај по цена од се надеваме идентична како и неговиот претходник.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ