Ова се новите Nokia Lumia смартфони со Windows Phone 8.1
Објавено на 03.04.2014 во Новости
Nokia претстави три нови Lumia смартфони кои ќе работат на новата верзија на оперативниот систем Windows Phone 8.1, но како што претпоставуваме меѓу нив нема ниту еден премиум смартфон со кој ќе се спротистави на конкурентите, туку само надоградување на средната класа.
Nokia Lumia 930 e eден од очекуваните смартфони кој долго време кружеше под името Nokia Martini и е само интернационална верзија на Nokia Lumia Icon со 5 инчен Full HD 1080p екран, а работи на четири-јадрен Snapdgragon 800 процесор, со 2 GB RAM и одлична 20 мегапикселна камера со OIS. Цената на Nokia Lumia 930 без склучен договор ќе изнесува 600 долари и се очекува да започне со продажба во јуни.
Вторите два смартфони се Nokia Lumia 630 и Nokia Lumia 635 кои ќе имаат екран од 4.5 инчи со резолуција од 480 x 854 пиксели и ќе бидат супер евтини по цена од 150 до 180 долари. Смартфоните работат на четири-јадрен Snapdragon 400 процесор, 512 MB RAM, 5 мегапикселна камера, а единствената разлика е во изборот на 3G или 4G мрежа, како и избор на една или две СИМ картички.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.