HTC Butterfly добива моќен наследник

Објавено на 05.04.2014 во Новости



HTC Butterfly добива моќен наследник

 
HTC повторно ќе се најде во центарот на вниманието со вториот премиум смартфон за 2014 година кој се води како наследник на одличниот телефон од пред две години HTC Butterfly.
 
 
HTC Butterfly 2 според првичните детали ќе биде моќен уред спремен за борба во премиум класата со 5 инчен Full HD 1080p екран, најбрз четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 801 процесор од 2.5 GHz, Adreno 330 GPU, 2GB RAM, 16 GB меморија, додека за софтверот е искористен Android 4.4.2 KitKat.
 
 
На овој начин HTC ќе се обиде да ги привлече и оние купувачи кои не ги сакаат опциите на HTC One M8 како што е UltraPixel камерата, која ќе биде заменета со обична 13 мегапикселна камера. Се уште е рано да се предвиди неговата цена, но поради употребата на пластика наместо на алуминуим се очекува да биде поевтин од HTC One M8 и ќе биде лансиран кон крајот на летото.