Најгенијалната измама на Android

Објавено на 08.04.2014 во Timeless



Најгенијалната измама на Android

Медиумите создаваат голема фама околу присуството на штетен софтвер кој ги напаѓа корисниците на Android и бројките кои велат дека 90 проценти од сите хакерски напади се насочени кон оваа платформа допринесоа кон зголемен интерес за антивирусните програми кои не секогаш го даваат посакуваниот резултат.
 
 
Токму тоа го искористиле програмерите од Deviant Solutions кои креирале лажна антивирусна апликација Virus Shield за која се тврдело дека го штити вашиот смартфон од непосакуван софтер, дека ги скенира во реално време сите податоци, а исто така ги штити вашите лични информации.
 
 
Всшност апликацијата Virus Shield не правела ништо спектакуларно, освен што покажувала дека скенирањето е успешно и смартфонот нема вируси, а за тоа корисниците платиле 3.99 долари. Virus Shield по откривањето на измамата е повлечена од Play Store, a оштетените корисници нема начин како да си ги вратат за џабе потрошените пари, па затоа секогаш инсталирајте апликации од проверени извори.