Lenovo со нова А серија на евтини и квалитетни таблети

Објавено на 08.04.2014 во Новости



Lenovo со нова А серија на евтини и квалитетни таблети

Lenovo претстави три нови таблети од А серијата кои ќе понудат прилично солидно компоненти по пониски цени од вообичаеното за средната класа. Се работи за три таблети со големина од 7,8 и 10 инчи кои имаат речиси идентчни компоненти.
 
 
Првиот Lenovo A50 е 7 инчен таблет со HD 720p резолуција, четири-јадрен Mediatek процесор од 1.3 GHz, 1 GB RAM, 16 GB вградена меморија, камери со 5 и 2 мегапиксели и батерија со капацитет од 3500 mAh. Таблетот работи на оперативниот систем Android 4.2 и почетната цена за Wi-Fi верзијата ќе изнесува 129 долари.
 
 
Следен во серијата e Lenovo A8 со 8 инчен HD IPS дисплеј и нешто поиздржлива батерија од 4200 mAh. Цената на Lenovo A8  ќе биде поставена на 179 долари. Најголем во ова друштво е Lenovo A10 кој има 10 инчен HD IPS дисплеј, супер батерија од 6340mAh и дополнителна физичка тастатура. Lenovo A10 исто така ќе има Wi-Fi и 3G варијатни, а основниот модел ќе се продава по цена од 249 долари.