Албумот со сликички Panini се сели на смартфон

Објавено на 10.04.2014 во Новости



Албумот со сликички Panini се сели на смартфон

Panini на сите ни е познат по албумите со сликички кои најмногу ни го одземаа вниманието пред почетокот на големите фудбалски првенства. Но, нашето детство се разликува од денешните генерации на кои поблиски им се смартфоните, па затоа Panini има решение и за нив.
 
iPhone Screenshot 2
 
Со новата апликација Panini Collectors ќе може да креирате виртуелен албум со сликички и разбирливо сега фокусот е ставен на претстојното Светско првенство во фудбал чиј домаќин е Бразил.
 
iPhone Screenshot 3
 
Корисниците преку апликацијата ќе може да ги скенираат собраните сликички и на тој начин да ги комлетираат сите фудбалски репрезентации. Според наши извори најтежок за пронаоѓање е Лео Меси кој сигурно вреди десетина дупликати за размена. 
 
iPhone Screenshot 4
 
Собирачите исто така ќе се менуваат со сликички со смартфон по принципот „имам имам имам немам“, но пренесено во виртуелниот свет и во собирањето на може да ви помогнат и пријателите со испраќање на кодовите на нивните дупликати. Сеедно, дали сте дете или верен фан апликацијата Panini Collectors може бесплатно да ја превземете од App Store.