Microsoft ќе го искористи Android за повеќе купувачи

Објавено на 14.04.2014 во Новости



Microsoft ќе го искористи Android за повеќе купувачи

Тери Мајерсон директорот на Windows во Microsoft во интервју за ZDNet изјавил дека компанијата нема да има никаков проблем со прифаќањето на Android платформата од страна на Nokia, бидејќи на овој начин се добиваат повеќе купувачи кои потоа би ги користеле сервисите во сопственост на Microsoft како што се Skype и MS Office.
 
 
Мобилниот оддел на Nokia наскоро и официјално ќе ја заврши транзицијата во Microsoft за која плати 7 милијарди долари и по изјавите на Тери Мајерсон добиваме впечаток дека смартфоните како Nokia X кои работат на Android нема да бидат забранети, туку напротив ќе се оди на се поголемо нивно присуство, па можеби еден ден ќе видиме и смартфон со логото на компанијата кој ќе ја користи платформата на Google.
 
 
Тери Мајерсон исто така истакнал дека отворена е и можноста за работа на уреди со двоен оперативен систем Android и Windows, а ваква задача веќе добиле индиските брендови Micromaxx и Karbonn, како и Huawei кој ќе треба да создаде Dual OS смартфон за американскиот пазар.