HTC One M8 mini готов до крајот на април

Објавено на 17.04.2014 во Новости



HTC One M8 mini готов до крајот на април

Се поизвесно е дека мини верзијата на HTC One M8 ќе биде подготвена за промоција до крајот на април и веднаш потоа веќе во мај може да ги очекуваме првите примероци на пазарот. 
 
 
Очекувањата од малото пакување на HTC One M8 не се големи бидејќи претходниот модел не воодушеви премногу, па се надеваме дека овој пат ја научиле лекцијата на Sony Xperia Z1 Compact и дека HTC ќе се потруди да лансира нешто поквалитетен смартфон од средната класа, но досегашните информации не даваат таков впечаток.
 
 
Најверојатно HTC One M8 mini ќе има големина на екранот од 4.5 инчи и ќе се задржи HD резолуцијата од 720p како и кај неговиот претходник, што секако не не радува. Хардверот ќе го сочинува четири-јадрен Qualcomm 400 процесор, 13 мегапикселна камера и со тоа цената на HTC One M8 mini ќе биде поставена на околу 350 евра.