Еве како да добиете гратис Sony Xperia Z1 Compact и SmartBand

Објавено на 21.04.2014 во Новости



Еве како да добиете гратис Sony Xperia Z1 Compact и SmartBand

Sony Mobile по повод Великденските празници ќе доделува еден бесплатен смартфон Sony Xperia Z1 Compact во пакет со смарт фитенс алката SmartBand. За да влезете во натпреварот треба да го погледнете видеото од информативниот сервис на Sony The Take Out, да ја споделите апликацијата на Facebook и точно да одговорите на прашањето.
 
 
Се што треба да направите е да го изгледате видеото и да внимавате кога ќе се појави Великденското Зајаче, бидејќи ќе треба да одговорите на прашање. Еден корисникот може да аплицира само еднаш, а одговорите ќе се примаат до 24 април. За да учествувате во натпреварот треба да го следите следниот линк или погледнете го видеото и во информациите исто така може да го најдете линкот до апликацијата за Facebook.