Најпродаваниот телефон не е ниту iPhone ниту Samsung Galaxy

Објавено на 28.04.2014 во Новости



Најпродаваниот телефон не е ниту iPhone ниту Samsung Galaxy

Кога ќе се постави прашањето кој е најпродаван мобилен телефон на сите времиња како логичен одговор следува iPhone или пак некој од моделите на Samsung Galaxy, но тоа воопшто не е точно бидејќи рекордот се уште го држи „диносаурсот“ Nokia 1100.
 
 
Според официјалните податоци Nokia 1100 се продал во неверојатни 250 милиони примероци ширум светот и ја одбележува најуспешната ера на Nokia кога пред пет години беше апсолутен владетел со понуда во сите класи и категории. Секако, Nokia 1100 е обичен телефон без модерен систем, апликации и игри, но за тоа време беше еден од најнапредните модели на пазарот.