Нов Samsung Galaxy смартфон доаѓа во мај
Објавено на 28.04.2014 во Новости
Наскоро на пазарот ќе биде промовиран Samsung Galaxy Core 2 како еден од најновите смартфони на корејскиот производител наменет за средната класа. Според досегашните информации Samsung Galaxy Core 2 ќе работи на две СИМ картички и ќе се продава по цена од околу 200 евра.
Samsung Galaxy Core 2 ќе има 4.5 инчен WVGA екран со резолуција од 480 x 800 пиксели, дво-јадрен процесор од 1.2 GHz, 512 MB RAM, 4 GB мемориски капацитет, 5 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2000 mAh, додека пак за софтверот ќе биде искористена најновата верзија на Android 4.4.2 KitKat.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.