Квалитетниот Huawei Ascend P7 mini промовиран предвреме

Објавено на 29.04.2014 во Новости



Квалитетниот Huawei Ascend P7 mini промовиран предвреме

Кинескиот бренд Huawei примени многу невообичаена тактика со промоцијата на двата главни смартфони за 2014 година, бидејќи најпрво ја прикажа мини верзијата на се уште неофицијалниот премиум модел Huawei Ascend P7, па така ќе биде тешко да оцениме дали помалиот брат има со што да се спореди.
 
 
Huawei Ascend P7 mini има 4.7 инчен екран со qHD резолуција од  540 x 960 пиксели и in-cell технологија која овозможува панелот да добие помали димензии за покомпактно тело на смартфонот. Huawei Ascend P7 работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 400 процесор од 1.2 GHz, со 1 GB RAM, 8 GB меморија, 8 мегапикселна камера и батерија од 2000 mah.
 
 
Мини смартфонот за прв пат е прикажан во Германија и се очекува во текот на наредните денови да биде достапен во повеќе европски држави по цена од околу 300 долари. Huawei Ascend P7 mini работи и на 4G LTE мобилната мрежа, додека пак за софтверот е употребена нешто постарата Android 4.3 Jelly Bean верзија.
 




Прочитајте повеќе: