Нова опасност се заканува на интернет

Објавено на 29.04.2014 во Новости



Нова опасност се заканува на интернет

Microsoft објави соопштение во кое ги предупредува корисниците на интернет прелистувачот Internet Explorer со верзиите од 6 до најновото 11-то издание. Проблемот лежи во откривање на нов баг кој може да биде искористен од хакерите за пристап до личните информации и податоци во вашиот компјутер преку малициозни сајтови.
 
 
Безбедносниот пропуст е откриен од аналитичарите во компанијата FireEye според кои хакерите преку испраќање на линкови во емаил или инстант пораките на Messenger може да ве намамат да кликнете на некој од штетните интернет сајтови, па затоа препорачуваат да не го користите Internet Explorer се додека Microsoft не го реши проблемот.
 
 
Од Microsoft препорачуваат да се користи додатокот „Enhanced Protected Mode” за заштита на личните податоци при евентуален хакерски напад. Втор чекор е да го исклучите додаток за Adobe Flash бидејќи без него се ограничува пристапот се додека не се најде трајно решение за поголема безбедност.