Оштетените од телефонските измами во Македонија нема да плаќаат

Објавено на 29.04.2014 во Новости



Оштетените од телефонските измами во Македонија нема да плаќаат

Т-Мобиле ги известува своите корисници дека во изминатиот период имаше зголемен број на спам повици и СМС, од меѓународни броеви што почнуваат на +88, +22 и +21 и +29. Како што пренесовме на почетокот на април кружеа СМС пораки обично со содржина „Имаме важна порака за вас доколку се јавите на бесплатниот број“ „Или барај ме итно“ со цел да ве измамат да свртите, но операторот реши да ги прости направените трошоци и измамените граѓани нема да платат.

T-mobile претстави нови постпејд тарифи

Броевите кои биле пријавени, Т-Мобиле веднаш ги блокирал, но, сепак има корисници кои бирале повратно на спам броевите, со што е сигурно дека ќе добијат или веќе добиле несакани трошоци. Т-Мобиле, за да ги заштити корисниците  јавно информираше за оваа појава и советуваше да не се бираат повратно овие броеви.

Внимавајте - Зголемен број на телефонски измами во Македонија

Т-Мобиле соопшти дека иако не станува збор за пропуст на мобилниот оператор, заради сигурноста и задоволството на корисниците, одлучено е сите трошоци од горенаведените броеви и СМС да се отпишат од априлската сметка (воопшто да не се прикажат во сметката), а сите приговори во врска со вакви трошоци од март, да бидат прифатени и корисниците да бидат обештетени. Станува збор за појава, која не е нова и не е локална и во наредниот период останува да важи советот да не се бира повратно на вакви броеви.