LG руши рекорди на продажба на смартфони

Објавено на 30.04.2014 во Новости



LG руши рекорди на продажба на смартфони

LG Mobile ги објави кварталните извештаи за првите месеци од 2014 година според кои компанијата има одличен раст од 19 проценти во споредба со истиот период лани, односно има продадено над 12.3 милиони смартфони.
 
 
Причината за растот на пазарното учество најверојато се должи на вниманието коекомпанијата го привлече со одличниот премиум смартфон LG G2, а исто купувачите имаа можност да одберат нешто од широката понуда во средната и ниската класа, заедно со првиот флексибилен смартфон LG G Flex и моќниот фаблет LG G Pro 2.
 
 
LG Mobile не прецизираше точно кој смартфон колкава продажба остварил, па не е познато дали LG G2 ја надминал целта од вкупно продадени 30 милиони примероци. Поголеми приходи се очекуваат во вториот квартал, со пуштањето во продажба на водечкиот модел LG G3 смарт телефон и помасовната продажба на евтините модели од L III серијата.