Најдобри апликации за скараџии

Објавено на 01.05.2014 во Новости



Најдобри апликации за скараџии

Може ли да помине еден први мај без скара, секако одговорот е не, па мора да се испочитува оваа традиција. За таа цел ви претставуваме три бесплатни апликации кои ќе ви дадат совети како да станете скара мајстор и да ви откријат неколку светски познати вкусни рецепти. Доколку во овој момент се собирате пред скарата и го распалувате оганот (ако ве послужи времето) погледнете ги овие апликации за на крај цело друштво да биде задоволно и да не се случи скарата да биде пресилна, а месото невкусно и загорено.
 
Barbecue Recipes - screenshot
 
3. Barbecue Recipes e бесплатна апликација за Android која е одлична за сите почетници, односно за тие што по прв пат прават скара. Во оваа мала апликација има преглед на различни видови скари кои се подготвуваат на различни принципи и содржи кратки совети на што да внимавате.
 
iPhone Screenshot 1
 
2. iBBQ е апликација за скарата на Стив Џобс, добро не баш неговата скара, ама авторот на оваа апликација добро се сетил да го искористи брендот на Apple. iBBQ инаку е една од ретките бесплатни апликации за iPhone на тема скара, што е големо изненадување. Како и да е во оваа апликација има голем број на видеа со совети, како и рецепти, па ајфонот во рака и фатете се за скарата.
 
Barbecue Grill Recipes Free - screenshot
 
1. Barbecue Grill Recipes Free е исто така апликација за Android и има голем број на рецепти за правење скара за секој вид на месо. Во неа ќе најдете многу рецепти за специјални скараџиски сосови како додаток кои потекнуваат од САД и Мексико за тие што сакаат малку позачинета храна.
Автор: Aleksandar Stankov