Ова се адутите на Nokia Lumia 635

Објавено на 06.05.2014 во Новости



Ова се адутите на Nokia Lumia 635

Nokia Lumia 635 е првиот смартфон на финската компанија кој ќе се продава со инсталирана најнова верзија на оперативниот систем Windows Phone 8.1 кој сите софтверски новитети, одличната понуда на апликации и сервиси како и ниската цена од само 200 долари го прават идеален избор за сите корисници кои не би требало да се соочат со никакви компромиси кога се во прашање перформансите.
 
 
Барем тоа е идејата на Nokia и новоформираната компанија Microsoft Mobile за продажба на смартфоните од средната класа како Lumia 635 кој има 4.5 инчен екран со qHD резолуција, работи на четири-јадрен Snapdgragon 400 процесор, со 512 MB RAM, 8 GB меморија, 5 мегапикселна камера и батерија од 1830 mAh.
 
 
Секако со овие спецификации идејата за бескомпрoмисност на цена и перформанси кај Nokia Lumia 635 не е идеална, но треба да се има во предвид квалитетната градба на смартфонот и високата оптимизација која Nokia секогаш ја постигнува. За дополнителна промоција на Nokia Lumia 635 е снимена и следнава реклама која ги открива најголемите адути на овој пристоен Windows Phone 8.1 смартфон.





Прочитајте повеќе: