Huawei прави безобразна копија на Samsung Galaxy Note 3
Објавено на 07.05.2014 во Новости
Huawei подготвува нов голем смартфон кој ќе се натпреварува во премиум класата, но според тоа што досега е откриено Huawei Glory 3X Pro безобразно потсетува на Samsung Galaxy Note 3 со идентична задна прекривка која Samsung ја нарече Faux Leather и наликува на кожа иако се работи за пластичен материјал.
Навистина е чудно што Huawei кој има најголем напредок во мобилната индустрија во последните две години ќе се реши на еден ваков очаен потег со копирање на најкарактеристичниот детаљ на врвен и ексремно популарен конкурент како Samsung Galaxy Note 3 кој сигурно нема да биде одобрен од страна на фановите.
Huawei Glory 3X Pro се претпоставува дека ќе има 5.5 инчен Full HD дисплеј, осум-јадрен процесор MediaTek MT6592, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна главна камера, 5 мегапикселна предна камера и цена која нема да надмине 200 евра што е сосема задоволително, но најдобро ќе биде да се откажат од овој имитаторски дизајн.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.