Nokia XL - 5 инчен Android за 100 евра

Објавено на 08.05.2014 во Новости



Nokia XL - 5 инчен Android за 100 евра

Nokia официјално го пушти во продажба и третиот смартфон од новата серија кој работи на кустомизирана верзија на оперативниот систем Android без пристап до апликациите во Play Store по многу достапна цена од само 100 евра. Станува збор за Nokia XL кој е најголем во ова друштво со дисплеј од 5 инчи и резолуција од 480 х 800 пиксели.
 
 
Слично како и првите два смартфона Nokia XL има многу скромни компоненти, но е наменет исклучиво за ниската класа, односно на луѓе на кои им треба почетен или основен мобилен уред. Nokia XL работи на дво-јадрен процесор, со 768 MB RAM, 4 GB меморија, 5 MP камера и батерија од  2000 mAh. Nokia XL и останатите смартфони од оваа серија наскоро ги очекуваме во продажба и во Македонија.
 
Автор: Aleksandar Stankov