Конечно интернет пребарувач кој не ве шпионира

Објавено на 11.05.2014 во Новости



Конечно интернет пребарувач кој не ве шпионира

Duckduckgo е релативно нов интернет пребарувач чие главно мото е дека не ги следи корисниците и не прибира информации од нивните активности кои потоа може да бидат искористени или злоупотребени.
 
 
Duckduckgo.com функционира прилично брзо и експресно ги добивате резултатите за поимите кои ги пребарувате, а нив може да ги внесете во различни видови на категории, како и директно пребарување на видеа, вести и друга содржина од конркетни интернет сајтови. 
 
 
Duckduckgo исто така ги прикажува резултатите од пребарувањето преку Wikipedia и уште многу други познати јавни онлајн извори на информации. За полесен пристап на вашиот интернет прелистувач може да ја инсталирате и екстензијата за Duckduckgo или пак да го одбетере како примарен пребарувач.
 
 
Duckduckgo има креирано и посебна мобилна апликација за платформите Android и iOs која може бесплатно да се инсталира од Play Store или App Store. Апликацијата служи како замена за прединсталираниот интернет пребарувач со неколку дополнителни услуги, како можност за приказ на вести, а истите може да ги сочувате за понатамошно читање.