LG F70 е новиот евтин LTE смартфон

Објавено на 12.05.2014 во Новости



LG F70 е новиот евтин LTE смартфон

LG Mobile најави дека од почетокот на мај корисниците во Европа ќе може да го најдат новиот модел од средната класа LG F70 кој за пристојна цена ќе понуди 4G LTE конекција.
 
LG F70 има 4.5 инчен дисплеј со резолуција од 480 х 800 што не го прави еден од најдобрите во класата, но затоа пак нуди солидни перформанси обезбедени од четири јадрениот Qualcomm Snapdgragon 400 процесор, заедно со 1 GB RAM, 4GB меморија, 5 MP камера и одлична батерија со капацитет од 2,440mAh.
 
 
Кај LG F70 за оперативниот систем е искористена најновата верзија на Android 4.4 KitKat, заедно со новата опција LG Knock Code за поставување на заштитна комбинација за заклучување на екранот. LG Mobile не ја соопшти цената на LG F70, но претпоставуваме дека нема да надмине повеќе од 250 евра без склучен договор.