Microsoft ќе создаде нова историја со Nokia

Објавено на 12.05.2014 во Новости



Microsoft ќе создаде нова историја со Nokia

Веста дека Microsoft го откупи мобилниот оддел на Nokia за 7 милијарди долари речиси на сите им е познат и се уште се прават анализи дали овој потег беше неизбежен и како тоа ќе се одрази на финската компанија и култниот бренд на мобилните телефони Nokia.
 
 
Очигледно е дека Microsoft ја почитува целата историја и традиција на Nokia и тоа го покажува во најновата реклама каде се прикажани речиси сите модели на финскиот бренд од почетокот па се до современата Nokia Lumia 1520 и само потенцира дека сега “светот е многу пошарен“. 

Тоа значи дека плановите на Microsoft е да продолжи во ист стил и новите смартфони без оглед како ќе се викаат ќе го носат белегот на Nokia, бренд за кој многумина се емотивно поврзани.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ