Facebook има нов вид на смартфон во ракавот

Објавено на 13.05.2014 во Новости



Facebook има нов вид на смартфон во ракавот

Facebook подолго време се обидува да навлезе подлабоко во мобилната индустрија преку сопствен смартфон но досегашните два обида беа крајно неуспешни, откако смартфоните на HTC и Android интерфејсот Facebook Home доживеаа голем дебакл, со што социјалната мрежа се врти кон сосема ново решение.
 
 
Наместо да се потпира на (не)креативноста на производителите Facebook самостојно работи на дизајнот на новиот смартфон кој освен екран на допир странично ќе има вградено панели со различни контроли кои ќе се управуваат со целосно нов интерфејс.
 
 
Корисникот ќе може да меморира различен сетап на команди кои панелите на допир ќе го регистрираат и ќе се активираат различни опции во самото мени или апликација. Патентот за смартфонот на Facebook е веќе одобрен но, се уште нема точни информации дали наскоро ќе ја видиме оваа напредна идеја во нов хардвер.