Minuum е виртуелна тастатура од иднината

Објавено на 14.05.2014 во Android



Minuum е виртуелна тастатура од иднината

Minuum има идеја целосно да го промени начинот на кој ги користиме виртуелните тастатури во мобилните уреди. Наместо примена на големи визуелни копчиња Minuum нуди минималистички концепт со мали букви, бројки и знаци, но со многу напреден интерфејс кој ви овоможува многу брзо пишување и поправање на сите ваши грешки. Секако, поправката на правописот моментално функционира беспрекорно само за англискиот јазик, но зошто да не во иднина да се зголеми фондот на јазици од страна на други програмери.

Тоа што ја разликува Minuum тастатурата од останатите не е само новиот минималистички интерфејс, туку и примената на речиси секаков вид на електронски уреди и секаква површина. Со дигиталниот сигнал од апликацијата Minuum тастаурата може да се пренесе на секаква рамна површина која може да ја искористите како тачпад, на пример обична хартија на која само ќе ги испишете знаците и симболите и ќе може да ги внесете исто како и на екранот на допир.
 
Minuum Keyboard Free - screenshot
 
Понатаму Minuum е планирано да се користи најмногу во новите мобилни електронски уреди како смартчасовници, очила и паметни прстени со прилагодување на нивниот интерфејс и начин на работа. Апликацијата Minuum може бесплатно да се превземе од Google Play Store за Android.