Samsung Galaxy K Zoom - Најдобриот смартфон со камера

Објавено на 17.05.2014 во Новости



Samsung Galaxy K Zoom - Најдобриот смартфон со камера

Samsung Galaxy K Zoom е еден од ретките смартфони кој има супер квалитетна камера која може да се „мери со дигиталка“ и е всушност нова верзија на Samsung Galaxy S5, но со оглед дека корисниците нема да паднат на истата финта како лани со Samsung Galaxy S4 Zoom доаѓа до мала промена на името и секако, големи подобрувања во функционалноста и дизајнот.
 
Претставен Samsung Galaxy K Zoom со супер камера
 
Samsung Galaxy K Zoom на прв поглед е стандарден Samsung смартфон, но главната предност ја наоѓа во 20.7 мегапикселната камера со LED блиц и Xenon осветлување, 10х оптички зум, CMOS сензор за процесирање на слики, како и голем број на дополнителни софтверски алатки за прилагодување на сцената со разни ефекти. 
 
 
За промоција на Samsung Galaxy K Zoom е лансирана и нова реклама во која се прикажани сите можности на камерата на смартфонот кој наскоро ќе се најде во продажба по цена од околу 600 долари.
 
 
Samsung Galaxy K Zoom се карактеризира и со голем 4.8 инчен Super AMOLED дисплеј со висока резолуција од 720 х 1280 пиксели, работи на шест-јадрениот Exynos 5 процесор од 1.3 GHz, заедно со 2 GB RAM, 8 GB меморија која може да се надополни преку microSD картичка, батерија од 2430 mAh и 4G LTE конекција. 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ