Советуваме - Следете го мобилниот сообраќај на iOs

Објавено на 19.08.2014 во Туториали



Советуваме - Следете го мобилниот сообраќај на iOs

Сите сопственици на iPhone или iPad кои го користат својот уред за поврзување на интернет преку мобилна конекција треба да имаат увид во податоците за тоа колку интернет и мобилен сообраќај оствариле за да не дојде до искористување на лимитот и плаќање на огромни сметки.
 
 
За да имате преглед во мобилниот сообраќај треба да ја најдете опцијата Cellular која се наоѓа во менито Settings. Тука ќе најдете различни опции за прилагодување кои може да ги активирате или исклучите како што се мобилен интернет, користење на 3G мрежа, Roaming и следење на сообраќајот.
 
 
На овој начин ќе може да одлучите во секое време дали сакате да користите мобилен интернет или пак само да ја користите Wi-Fi мрежата која е бесплатна, како и да ги ги активирате и деактивирате останатите опции за поврзување Roaming, 3G или 4G во зависност од моделот на iPhone или iPad.