Huawei Honor 3X Pro - Ново кинеско чудовиште за 200 евра

Објавено на 28.05.2014 во Новости



Huawei Honor 3X Pro - Ново кинеско чудовиште за 200 евра

При следната посета на Народна Република Кина македонската влада мора да излобира екстра евтините кинески смартфони конечно да дојдат во Македонија бидејќи доста беше од преплаќање на скапи „премиум“ телефони. Во прилог на ова барање е и новиот Huawei Honor 3X Pro кој по цена од само 200 евра навистина ќе ве импресионира.
 
 
Huawei Honor 3X Pro има 5.5 инчен Full HD дисплеј, работи на осум-јадрен MediaTek процесор од 1.7 GHz, подржан од 2 GB RAM, 5 MP предна камера, 13 мегапикселна главна камера, 16 GB вградена меморија и импресивна батерија со капацитет од 3000 mAh. 
 
 
Единствена замерка за Huawei Honor 3X Pro е имитацијата на Faux Leather задната прекривка која личи дека е изработена од кожа и најпрво беше употребена кај Samsung Galaxy Note 3 што во овој случај е класично копирање, но сеедно фаблетот е вистински ѕвер и посакуваме што побрзо да дојде во Македонија.