Intel и Rockchip во заедничка Android офанзива

Објавено на 28.05.2014 во Новости



Intel и Rockchip во заедничка Android офанзива

Интел објави дека склучи стратешки договор со Рокчип, производител на квалитетни чипсети oд Кина, за да го подобри присуствотото на своите комуникациски и хардверски решенија во областа на влезни Андроид таблети ширум светот. Според договорот двете компании ќе испорачуваат Интел брендирана мобилна SoC платформа. Quad-core платформата ќе биде базирана на Интел Атом процесори, која е доопременa со сопствена модерна 3G технологија.

Проширувајќи ја понудата на Intel SoFIA фамилијата на интегрирани мобилни SoC платфоми за обични и смарт мобилни уреди, новиот quad-core SoFIA 3G се очекува да биде достапен во првата половина на 2015. Ќе биде насочен кон почетни и повредни таблети. Intel SoFIA фамилијата беше додадена во мрежата на мобилни производи на Интел минатата година и го вклучува првиот интегриран апликациски процесор и комункациска платформа.

Како што пазарот за таблети продолжува да се шири со се’ поголемиот избор на големина на екран, различни форми и цени, стратешкото партнерство со Рокчип, ќе му овозможи на Интел побрзо да им понуди на своите потрошувачи пошироко портфолио на производи.

„Стратешкото партнерство со Рокчип е пример за решеноста на Интел да преземе прагматични и поинакви приоди за да го зголеми своето присуство на глобалниот пазар за мобилни уреди со побрза испорака на широко портфолио на Интел архитектура, комуникациски решенија и технологии,“ изјави Брајан Крзанич, извршен директор на Интел. „Возбудени сме за соработката со Рокчип. Со денешната објава, додаваме уште еден дериватив на Интеловата SoFIA фамилија и очекуваме да ги имаме сите на пазарот пред средината на 2015 година. Се движиме брзо за да ги прошириме понудите на Интел за растечкиот пазар на таблети.“Стратешкото партнерство со Интел ќе ја прошири понудата на производи на Рокчип со додавање на перформанси и флексибилност на Интел архитектура и водечк и комуникациски решенија.

„Ние секогаш бараме иновативни начини за да го диференцираме нашето портфолио на продукти и ова е прва соработка од овој вид во која Интел ни помага да го сториме тоа“, изјави Мин Ли, директорот на Рокчип. „Комбинацијата од водечката архитектура на Интел и модерната технологија со нашите водечки капацитети за дизајн на мобилни уреди, нуди подобар избор на растечкиот глобален пазар за мобилни уреди.“

Отсега Интеловата SoFIA фамилија се состои од три различни понуди, вклучувајќи dual-core 3G верзија за која се очекува да почне со испорака во четвртиот квартал оваа година, quad-core 3G верзија за која се очекува да почне со испорака во првата половина од 2015 и 4G LTE верзија, закажана за првата половина од следната година.

Цената на четирија-дрениот SoFIA 3G дел ќе биде објавена подоцна, а за другиот дел од пошироката Intel SoFIA фамилија, се очекува конкурентна цена. Со договорот, Интел и Рокчип ќе го продаваат новиот дел на производителите, првенствено во постоечката база на потрошувачи на двете компании.