Samsung го прави најголемиот смартфон на светот

Објавено на 30.05.2014 во Новости



Samsung го прави најголемиот смартфон на светот

Samsung Mobile ги проби границите на пазарот на смартфони со првиот Samsung Galaxy Note 3 кој имаше огромен екран за тоа време, но сега е подготвен да оди чекор понапред со лансирање на новиот хибрид кој ќе биде спој на таблет од 7 инчи со сите софтверски додатоци кои ги има и Samsung Galaxy S5.
 
 
Тоа значи дека наскоро ќе биде лансиран првиот таблет-смартфон Samsung Galaxy W кој ќе има 7 инчен HD дисплеј од 720p, ќе работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon процесор, 1.5 GB RAM, 8 GB меморија, 8 мегапикселна камера и целосно нов кориснички интерфејс Phoneblet UX кој ќе подржува работа на две апликации истовремено. Уредот се очекува кон крајот на летото по цена од околу 400 долари.
Автор: Aleksandar Stankov