Nokia Lumia 630 е изборот на новата генерација

Објавено на 31.05.2014 во Новости



Nokia Lumia 630 е изборот на новата генерација

Nokia Lumia 630 ќе биде еден од клучните смартфони на Nokia и Microsoft во освојување на пазарот и ширење на Windows Phone 8.1 платформата поради тоа што се работи за смартфон од средната класа со достапна цена од 150 евра и солидни перформанси кои ќе ви се најдат во секаква ситуација.
 
Евтиниот Nokia Lumia 630 влегува во продажба
 
Токму тоа се потенцира во најновата кампања #appy Days каде Nokia Lumia 630 ја има главната улога, односно преку сервисите, апликациите и игрите кои ги нуди на корисниците може да се најде во секоја ситуација и е модерен смартфон за новата генерација.

Nokia Lumia 630 има 4.5 инчен дисплеј со резолуција од 480 х 854 пиксели, 5 мегапикселна камера, работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdgragon 400 процесор од 1.2 GHz, 512 MB RAM, 8 GB меморија со слот за мемориска microSD картичка, батерија со капацитет од 1830 mAh и 3G мобилна мрежа.
 




Прочитајте повеќе: