Oppo продолжува со фантастични смартфони - Претставен Oppo Find 7 mini

Објавено на 03.06.2014 во Новости



Oppo продолжува со фантастични смартфони - Претставен Oppo Find 7 mini

За многу кратко време Oppo презентираше дури две мини верзии на премиум смартфоните од оваа и минатата година Oppo Find 7 и Oppo N1. Сега на ред е наследникот на Oppo Find 7 кој доаѓа под името Oppo R6007 и нуди екстра квалитет во средната класа по цена за сосема пристојни 300 долари.
 
 
Oppo R6007 има 4.7 инчен HD дисплеј со резолуција од 720 x 1280 пиксели, способен четири-јадрен Snapdragon 400 процесор од 1.6 GHz, 1 GB RAM, 8 GB вградена меморија, 8 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 2140 mAh.
 
 
Мини верзијата на Oppo Find 7 и овој пат работи на посебната верзија на Android 4.3 Jelly Bean преточена во интерфејсот Color OS. Смартфонот е лансиран во Кина и со оглед на огрoмниот интерес на купувачите Oppo треба сериозно да размисли и за пласман во Европа.