HTC со контра напад во премиум класата

Објавено на 03.06.2014 во Новости



HTC со контра напад во премиум класата

HTC како што се претпоставуваше претстави нова поевтина верзија на премиум смартфонот насловена како HTC One E8 со што ќе може да се избори со големите конкуренти Samsung Galaxy S5 и Sony Xperia Z2.
 
 
HTC One E8 ја има речиси истата ДНК како и HTC One М8 со тоа што алуминиумското куќиште е заменето со пластично, а за дополнително да се заштеди Ultrapixel камерата со двоен сензор и блиц е заменета со 13 мегапикселна камера. Ова воопшто не е на штета на брендот на HTC бидејќи многу корисници наоѓаа мани на 4 мегапикселната Ultrapixel камера која не секогаш ги дава посакуваните резултати. На предната страна е задржана 5 мегапикселната камера за совршени селфи фотки и HD видео повици.
 
 
Во листата на HTC One E8 се вброени и 5 инчен Full HD 1080p дисплеј, четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 801 процесор од 2.3 GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија која може да се надполни со microSD картичка до 128 GB, како и батерија со капацитет од 2600mAh.
 
 
Пластичниот супер смартфон работи на новата верзија на оперативниот систем Android 4.4 KitKat во комбинација со корисничкиот интерфејс HTC Sense 6.0, повторно се применети HTC BoomSound стерео звучниците, додека пак за мобилната конекција покриени се сите мрежи вклучително и со 4G LTE антената. 
 
 
Смартфонот има нешто пoефикасен дизајн и е полесен за 15 грама од металниот HTC One M8 и доаѓа со четири бои на маската, црвена, сина, бела и сива. За почеток HTC One E8 ќе биде лансиран во Кина, додека пак до крајот на месецот се очекува и на останатите пазари по цена од околу 500 долари.
 
Автор: Aleksandar Stankov