Samsung Galaxy W - Телефон за џинови

Објавено на 03.06.2014 во Новости



Samsung Galaxy W - Телефон за џинови

Samsung Mobile повторно постави нов рекорд во мобилната индустрија промовирајќи го Samsung Galaxy W досега еден од најголемите смартфони на светот со огромен дисплеј од 7 инчи. Секако, многумина ќе речат дека се работи за таблет, но всушност овој уред е хибрид, мешавина од двете категории со тенко тело и употреба на целосно функционална мобилна мрежа.
 
 
Samsung Galaxy W има 7 инчен HD 720p дисплеј со резолуција од 1280 х 720 пиксели, работи на четири-јадрен процесор од 1.2 GHz, 1.5 GB RAM, 16 GB меморија, слот за microSD мемориска, главна 8 мегапикселна и 2 мегапикселна предна камера, како и батерија со капацитет од 3200mAh.
 
 
Таблет-смартфонот ја користи постарата верзија на Android 4.3 Jelly Bean, заедно со TouchWizz интерфејсот, додека пак дизајнот потсетува на огромна верзија на Samsung Galaxy Note 3 со задната прекривка FauxLeather. Samsung Galaxy W е навистина невообичаен уред кој нема да привлече многу купувачи но, тие што се заинтересирани може да го купат по цена од 450 долари.