Sony Xperia T3 - Нов смартфон со супер цена

Објавено на 04.06.2014 во Новости



Sony Xperia T3 - Нов смартфон со супер цена

Sony Xperia T3 доаѓа речиси веднаш по краткото пренесување на информацијата дека Sony Mobile ќе лансира нов смартфон од средната класа, што навистина се оствари. Се работи за трето продолжение на оваа серија која досега два пати се менуваше и Sony Xperia T3 има сосема нов изглед и примена.
 
 
Sony Xperia T3 има 5.3 инчен HD дисплеј со резолуција од 720 x 1280 пиксели што е сосема пристојно во оваа квалитетна средна класа, потоа го користи четири-јадрениот Snapdgragon 400 процесор од 1.4 GHz, 1 GB RAM, 8 GB вградена меморија, слот за microSD картичка, 8 MP Exmor RS камера и батерија со капацитет од 2500 mAh.
 
 
Sony Mobile го промовираше Sony Xperia T3 како најтенкиот 5.3 инчен смартфон во светот со само 7 милиметри, што навистина е импресивно. Дизајнот на Sony Xperia T3 визуелно не нуди ништо ново и е речиси идентичен како и повеќето Xperia смартфони во 2014 година, но затоа пак може да се очекува пониска цена од 300 долари.

Автор: Aleksandar Stankov