Google ќе го следи секој ваш чекор

Објавено на 14.06.2014 во Новости



Google ќе го следи секој ваш чекор

Можеби звучи навистина морничаво и застрашувачки способноста на Google да има увид во вашите активности, но не се работи за некакво шпионирање туку обезбедување на нови услуги за смартфон, секако со ваша дозвола.
 
 
Станува збор за новата опција на персоналниот асистент Google Now кој оттсега ќе може да пребарува термини во вашиот профил на GMail со цел да ве потсети за закажаните состаноци, планирани патувања, резервации и секаков вид на обврски. 
 
 
Овие новитети на некој начин веќе беа дел од Google Now но, со тоа што апликацијата информациите ги добиваше само преку Google Calendar и потсетниците и распоредот кој самиот корисник го креира. Некои веќе критикуваат дека Google премногу ја нарушува приватноста на корисникот, но да потсетиме се работи за доброволна постапка.