Не купувајте кинески Android клонови - Полни се со вируси

Објавено на 16.06.2014 во Новости



Не купувајте кинески Android клонови - Полни се со вируси

Кинеските колнови на познати Android смартфони можеби изгледаат идентично како и уредите на мобилните брендови, евтини се за купување и ќе помислите дека за малку пари сте завршиле работа, но најновите податоци покажуваат дека овие мобилни се полни со вируси, а за квалитетот и долготрајноста воопошто не треба ни да се дискутира.
 
 
Најнов смартфон во оваа измама е Star N9500 кој е копија на Galaxy смартфоните од средната класа, има речиси исти компоненти, но најстрашно од се е што се продава со вграден тројански вирус, односно апликацијата Play Store за Android е всушност заменета со штетен софтвер.
 
 
Последиците од користење на ваков измамнички телефон може да бидат големи, како што е пробивање на вашиот Google профил кој се користи за пристап во Play Store, YouTube, Gmail, Google Keep и сите останатите апликации на интернет гигантот, затоа подобро купете постар и поедноставен Android смартфон од познат бренд, отколку евтин кинески клон.