LG G3 ја има најпаметната тастатура

Објавено на 16.06.2014 во Новости



LG G3 ја има најпаметната тастатура

LG G3 е еден од омилените смартфони за 2014 година бидејќи ги исполни желбите на фановите за моќен хардвер, врвен дизајн и што е најважно супер Quad HD дисплеј со рекордна резолуција од 2560 х 1440 пиксели, но исто така донесе и голем број на новитети во софтверот, меѓу кои и LG Smart Keyboard.
 
 
Брзото пишување на пораки е многу важно за многумина и токму тоа го предвидел LG со новата Smart Keyboard чија поставеност на екранот може сами да ја прилагодувате, односно да ја зголемите или намалите во висина, со што добивате поголема прегледност на напишаниот текст или пак на самите букви и бројки во зависност од тоа што ви е полесно за употреба.
 
 
Понатаму со LG Smart Keyboard може да внесувате зборови со лизгање низ тастатурата, а самата апликација со тек на време ги препознава вашите навики на пишување и ви дава конретни предлози на зборови кои најчесто ги користите за многу брз внес на текст. Сите новитети во LG Smart Keyboard може да ги погледнете од следното демо видео.