Откриен рекордерот на Alcatel со Quad HD дисплеј

Објавено на 17.06.2014 во Новости



Откриен рекордерот на Alcatel со Quad HD дисплеј

Alcatel најверојатно ќе се придружи на елитното друштво со сопствен смартфон со Quad HD резолуција на екранот, кој според првичните информации ќе има големина од невообичаени 4.6 инчи и со тоа ќе го сруши светскиот рекорд на густина на сликата од 639 пиксели на еден инч.

Премиум смартфонот со кодно име Alcatel One Touch D820 веќе се појави на повеќе сајтови за мерење на перформанси и најновите тестови покажуваат дека ќе работи на осум-јадрен Mediatek процесор, 3 GB RAM, 16 GB вградена меморија, 8 мегапикселна камера со можност за снимање на 4K HD видеа и за оперативниот систем ќе биде искористена новата верзија на Android 4.4.2 KitKat.

Од Alcatel се уште нема официјална потврда за овој смартфон, но доколку се суди според тест резултатите најверојатно Alcatel One Touch D820 е во завршна фаза и може да биде промовиран во текот на летото.

Автор: Aleksandar Stankov