Огромни промени во камерата на iOs 8

Објавено на 19.06.2014 во iOs



Огромни промени во камерата на iOs 8

Камерата на iPhone постојано се надградува, како во делот на апаратурата така и во делот на корисничкиот интерфејс и софтверските додатоци, ефекти и прилагодувања. Новата верзија на iOs 8 пристигнува наесен и откриени се супер новитети во камерата кои досега ги немаше во интерфејсот на iPhone.
 
 
Според најновите информации на програмерите кои работат на бета верзијата на системот, iOs 8 ќе воведе нови додатоци за камерата кои ќе може рачно да се прилагодуваат при сликање и снимање, а тоа е балансот на бело, изборот на различен ISO квалитет, брзината на сликање, фокусот, изложеноста, макро и други опции.
 
 
Една од главните нови карактеристики на iOs 8 е отворање на платформата за надворешни апликации, па со надградба на софтверот може да се очекува и голем број на нови апликации за камерата на iPhone.