Sony Xperia Z2a е нов водоотпорен смартфон

Објавено на 20.06.2014 во Новости



Sony Xperia Z2a е нов водоотпорен смартфон

Sony Mobile во овој период повеќе се фокусира на азискиот пазар како еден од најзначајните во борбата за освојување на купувачи со неколку нови смартфони, меѓу кои и Sony Xperia Z2a кој е своевидна поевтина верзија на претходно лансираниот премиум модел.
 
 
Sony Xperia Z2a има 5 инчен Full HD IPS LCD дисплеј заедно со речиси сите топ компоненти од премиум моделот како четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 801 процесор, 3 GB RAM, рекордни 128 GB вградена меморија, 21 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 3000 mAh.
 
 
Единствена промена кај Sony Xperia Z2a е што премиум дизајнот од стаклени и метални компоненти е заменет со пластика, но затоа пак е задржан IP 58 стандардот за отпорност на вода и прашина. Ова е втор азиски модел на Sony Xperia Z2a, па наскоро очекуваме и интернационална верзија наменета за Европа и САД по цена од околу 450 долари.