BlackBerry Passport за излез од кризната зона

Објавено на 20.06.2014 во Новости



BlackBerry Passport за излез од кризната зона

Џон Чен главниот извршен директор на BlackBerry најави неколку нови смартфони кои ќе бидат пуштени во продажба во септември и меѓу нив е премиум моделот BlackBerry Passport, кој носи комбинација на голем екран на допир и традиционална QWERTY тастатура.
 
 
BlackBerry Passport е уникатен смартфон со 4.5 инчен Full HD екран со резолуција од 14400 х 1440 пиксели, работи на четири-јадрен Snapdragon 800 процесор од 2.3 GHz, 3 GB RAM, 13 мегапикселна камера и огромна батерија со капацитет од 3450mAh. 
 
 
Раководството на BlackBerry оцени дека најдобар начин за излез од кризата е пласман на телефони со физичка тастатура, а не само со екрани на допир, категорија во која не можат силно да просперираат поради огромната конкуренција, но затоа QWERTY смартфоните се привлечни за нивните традиционални фанови и купувачи.