Претставен Nokia X2 - Нов хибрид за 100 евра

Објавено на 24.06.2014 во Новости



Претставен Nokia X2 - Нов хибрид за 100 евра

Microsoft официјално го промовираше Nokia X2 вториот модел на евтин смартфон кој работи на посебна верзија на оперативниот систем Android во комбинација со интерфејсот на Asha и голем број на Windows и Nokia апликации. Како што можеше да се претпостави Nokia X2 е наменет за ниската класа и има мали подобрувања во однос на првиот модел.
 
 
Nokia X2 доаѓа со 4.3 инчен екран со резолуција од 480 х 800 пиксели, работи на дво-јадрен Qualcomm Snapdgragon 200 процесор од 1.2 GHz, има 1 GB RAM, 8 GB вградена меморија, основна предна камера и 5 мегапикселна главна камера со блиц и автофокус, како и батерија со капацитет од 1800mAh.
 
 
Димензиите на Nokia X2 исто така се нешто поголеми и изнесуваат 121.7 x 68.3 x 11.1 mm со тежина од 150 грама, додека пластичната маска доаѓа со избор од голем број бои. Софтверот на Nokia X2 е збогатен со апликации на Micrsoft како Skype, OneNote, OneDrive, Outlook, HERE Maps, MixRadio, но и познатите Facebook, Line, WeChat и уште многу други кои може да се симнат од Nokia App Store. 
 
 
Корисниците исто така ќе може да инсталираат Android апликации преку вчитување на APK кодот, а сигурно набрзо ќе излезе и Custom ROM за пристап до Play Store и вообичаениот софтверски пакет на Google. Nokia X2 ќе биде пуштен во продажба наскоро во Европа и Азија по цена од 100 евра.