Германската Sicher е најбезбедната апликација за допишување

Објавено на 27.06.2014 во iOs



Германската Sicher е најбезбедната апликација за допишување

Германците беа прилично гневни на шпионирањето кое го вршела Американската агенција за национална безбедност и затоа на пазарот се појавија безбедносни смартфони кои не можат да бидат следени, но и неколку квалитетни апликации со цврста енкрипција каде особено се истакнува Sicher.
 
 
Апликацијата Sicher има многу безбедносни стандарди и овозможува енкрипција на испратените пораки и во двата правци, потоа заштита на групните пораки, поставување на тајмер за самоуништување на пристигнатите пораки, обезбедени фајлови и податоци и нивна енкрипција при испраќање преку e-mail или друг сервис за комуницирање.
 
 
Sicher доставува и известувања до корисникот кои се анонимни, го осигурува преносот на документи, гласовни пораки, локации, PDF фајлови, а серверите преку кои се реализира целиот сообраќај се наоѓаат во Германија и ниту самиот изработувач не може да знае што испраќате поради поставеноста на заштитни клучеви на секој чекор од комуникацијата.

Доколку се сомневате дека некој ве следи или прислушкува Sicher може бесплатно да ја превземете за Android од Play Store, потоа за iOs од App Store како и од Windows Store за Windows смартфоните..