Претставен Samsung Galaxy S5 mini - Мало и веќе видено

Објавено на 01.07.2014 во Новости



Претставен Samsung Galaxy S5 mini - Мало и веќе видено

Samsung ја претстави и мини верзијата на премиум моделот Samsung Galaxy S5 која освен изгледот и неколку карактеристични опции во софтверот речиси и да нема ништо друго заедничко и во овој момент е веќе досадно да гледаме вакви смартфони кои не нудат ништо спектакуларно, како што тоа го направи Sony Xperia Z1 Compact.
 
 
Samsung Galaxy S5 mini има 4.5 инчен Super AMOLED дисплеј со 720p HD резолуција сосема прифатливо за средната квалитетна класа. Мини смартфонот работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdgragon 400 процесор од 1.4 GHz, со 1.5 GB RAM, 16 GB меморија и 8 мегапикселна камера.
 
 
Слично како и поголемиот брат Samsung Galaxy S5 mini го исполнува IP67 стандардот за отпорност на вода и прашина и го има истиот перфориран дизајн на задната прекривка. Samsung Galaxy S5 mini доаѓа со Heart Rate сензорот и има вграден скенер за отпчеатоци, а во софтверот е искористена алатката Ultra Power Saving Mode која овозможува заштеда на батеријата и активација на само неопходните апликации со кои може да работите повеќе часови. 
 
 
Во споредба со сите останатите мини смартфони меѓу кои и HTC One Mini 2 може да се каже дека Samsung Galaxy S5 mini се издвојува за нијанса со погоре споменатите атрибути, но како што констатиравме не може ниту да се спореди со Sony Xperia Z1 Compact кој го заслужи местото во премиум класата. 
 
 
Samsung Galaxy S5 mini ќе има четири бои на маската јаглен црна, блескава бела, електрична сина и бакарно златна. Samsung Galaxy S5 mini ќе се продава по цена од околу 600 долари и во Европа доаѓа кон крајот на летото.