Наскоро доаѓа Sony Xperia M2 Aqua

Објавено на 14.07.2014 во Новости



Наскоро доаѓа Sony Xperia M2 Aqua

Sony Mobile ги прави последните подоготвки за новиот смартфон од средната класа Sony Xperia M2 Aqua кој како што сугерира самиот наслов ќе донесе водоотпорен дизајн. Sony Mobile на почетокот на годината вети дека водоотпорните сертфикати ќе бидат применети и во поевтината средна класа што полека и се остварува.
 
 
Sony Xperia M2 Aqua ќе биде водоотпорната верзија на претходно лансираниот Sony Xperia M2 кој има 4.8 инчен дисплеј со резолуција од 540 x 960 пиксели, четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 400 процесор од 1.2 GHz, 1 GB RAM, 8 GB меморија со слот за microSD картичка, 8 мегапикселна камера, батерија со капацитет 2300 mAh. 4G LTE конекција и примена на оперативниот систем Android 4.4 KitKat.