Samsung Galaxy Note 4 доаѓа поевтин и потенок

Објавено на 15.07.2014 во Новости



Samsung Galaxy Note 4 доаѓа поевтин и потенок

Најновиот патент на Samsugn Mobile одобрен од Корејската агенција за трговија сугерира дека претстојниот фаблет Samsung Galaxy Note 4 ќе биде потенок од вообичаеното и има простор за пониска цена поради подобра искористеност на функционалното S пенкало.
 
 
Наместо досегашниот дигитален внес на податоци преку S Pen на допир ќе се воведе нова метода со ултразвучно пенкало кое ќе работи со помал број на вградени сензори, поефикасно ќе ги спроведува командите и во целина треба да ја намали цената на производство на Samsung Galaxy Note 4. 
 
 
Фаблетот се очекува кон средината на септември на IFA настанот во Берлин и ќе понуди екран со големина до 6 инчи кој ќе ја користи најновата Quad HD резолуција, ќе работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 805 процесор и ќе има поефикасен и поквалитетен дизајн.