iPhone 5s е замена за професионален апарат

Објавено на 15.07.2014 во Новости



iPhone 5s е замена за професионален апарат

Можеби многумина професионални фотографи веднаш ќе се налутат кога ќе им речете дека со вашиот моќен смартфон може да направите слики со идентичен квалитет како и со скапите дигитални или професионални апарати, но фотографката Кет Слома го направи токму спротивното.
 
 
Таа решила да ја замени својата стандардна фото опрема со мобилниот телефон со квалитетна камера како што е iPhone 5s и резултатите се навистина фантастични, па на прв поглед ќе помислите дека фотографиите се направени со скап апарат. 
 
 
Слома вели дека и се допаѓа начинот на кој ги обработува направените слики со нејзиниот прст што и дава голема уметничка слобода, наместо процесот на обработка да го прави со маус на компјутер.